Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНовата година ќе донесе 4 проценти повисока потрошувачка на енергија

Новата година ќе донесе 4 проценти повисока потрошувачка на енергија

Енергетскиот биланс за 2016 година предвидува зголемување на енергенсите во Македонија за 4%. Во билансот се прецизира дека во 2016 година ќе се потроши за 3% повеќе нафта и нафтени деривати од годинава и за 4% повеќе електрична енергија. Веќе неколку години во континуитет се предвидува и зголемена потрошувачка на природен гас, биомаса и на останатите типови на енергии.

Македонија во 2014 година потрошила 74.759 тераџули енергија од сите видови, годинава потрошувачката изнесува 79.709, а во наредната година се предвидува да се потрошат 82.578 тераџули. Зголемените потреби од енергија ќе се обезбедат од домашни извори и од увоз. Нафтата и нафтените деривати и гасот во целост ќе се обезбедат од увоз, а кај електричната енергија во зависност од хидрологијата и цената на гасот и на струјата ќе зависи активноста на ТЕ-ТО, а според тоа, пак, ќе варира процентот на домашно произведена и увезена електрична енергија.