Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВо „Шпилје“ за девет месеци произведени 247 милиони киловат-часови електрична енергија.

Во „Шпилје“ за девет месеци произведени 247 милиони киловат-часови електрична енергија.

Резултати од работата на хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, во периодот јануари-септември годинава, се произведените 247 милиони киловат –часови електрична енергија, што претставува остварување на над 82 отсто од годишниот план за работа.

-Во споредба со производството ланиЕЛЕМ истиот период постои зголемување за 107 милиони киловат часови. Вака оствареното производство, но и поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, се гаранција за остварување на планираните 300 милиони киловат-часови пред истекот на годината. Тоа значи реализација на поголемо производство од планираното, велат од ЕЛЕМ.

Според компанијата, во акумулацијата „Дебарско Езеро“ во моментов има резерва на вода за околу 20 милиони кв-ч, односно 50 отсто исполнетост на капацитетот. Последните обилни дождови го зголемија дотокот на вода кој изнесува околу 50 метри кубни во секунда.

ХЕЦ „Шпилје“ работи според потребите на енергетскиот систем, а во последните пет години во просек произведувала над 250 милиони киловат-часови електрична енергија. Историски рекордно производство било забележано пред пет години кога биле произведени околу 500 милиони киловат-часови електрична енергија.

„Шпилје“ заедно со ХЕЦ „Глобочица“ се дел од црнодримскиот слив, а во периодот од јануари до септември годинава заедно произвеле над 423 милиони киловат-часови електрична енергија.

Н.С