Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеНова туристичка атракција во Хрватска – полуподморница

Нова туристичка атракција во Хрватска – полуподморница

Хрватска има нова атракција. Туристите што летуваат во оваа јадранска земја имаат можност да се возат во полуподморница – брод што изгледа како подморница, но не се нурнува под вода. Долниот дел на бродот е стаклен, па патниците што седат долу имаат поглед на морските флора и фауна, додека на палубата можат да уживаат во панорамскиот поглед. polupodmornicaЗатоа ако одлучите да го поминете летниот одмор на хрватското приморје, задолжително качете се во полуподморницата.
Полуподморниците се произведуваат во Хрватска, а на брегот од Умаг до Црна Гора се распоредени 30 вакви пловила.
Полуподморницата вози од мај до октомври и прима максимално 12 патници. Дневните тури траат 45 минути, а ноќните 30 минути. Долга е 10 метри, а фирмата што ги произведува работи на нов модел. Хрватите се надеваат дека ова ќе стане нивен бренд и ќе привлекува уште повеќе туристи.

извор:N1