Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНова експлозија на автомобил-бомба во Турција, девет лица се повредени

Нова експлозија на автомобил-бомба во Турција, девет лица се повредени

Девет лица се ранети денеска во експлозија на автомобил-бомба пред станбен објект, во кој живеат вработени во судовите во градот Оваџак во источниот турски округ Тунџели, јави турската телевизија НТВ.

Тројца од ранетите се во тешка состојба, а меѓу повредените во експлозијата има еден полицаец. Сите ранети се хоспитализирани.

При експлозијата, која одекнала околу 13 часот по локално време, избил пожар.

Противпожарната екипа почнала да го гаси пожарот.