Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНотарите бараат да им се вратат надлежностите

Нотарите бараат да им се вратат надлежностите

Да се вратат одземените надлежности со Законот за нотаријат од 2016 година, бидејќи се комплицира постапката и се зголемуваат трошоците на граѓаните. Ова денеска беше кажано на десетгодишнината, на која беше презентирана­ Анализа за развојот и работата на нотаријатот и неговиот придонес за остварување на поефикасен правен систем и правна сигурност.

– ­Во момент кога Македонија се соочува со специфични законски решенија, меѓународната поdдршка е потребна за да се запознае пошироката јавност со улогата на нотаријатот во обезбедувањето на правната сигурност рече, претседателот на нотарската комора, Васил Кузманов.

Зошто на адвокатите со последните измени на Законот за нотаријат им се дава право да вршат нотарски постапки е ставот на Ричард Бок од интернационалната унија на нотари.

-­ Доколку има процедура 12 наследници секој треба а има посебен адвокат, станува збор за постапка каде што ќе се јават 12 адвокати и сметаме дека малку е претерано. Непотребно се поскапува процедурата кога работите не се навистина спорни, рече Ричард Бок, од Интернационалната унија на нотари.

– Од 900.000 нерешени предмети во 2016 година сега во судовите има само 130.000, ова покажува дека нотарската работа е темел на правната сигурност – рече Маневски.

­- Многу пати во јавноста се експлоатира во јавноста како показател за ефикасноста на нотарите е колку тужби се поднесени за поништување на нотарските акти. Тоа се 4 тужби од кои две се одбиени. Квалитетот на работата на нотарите е најсилна потврда за стручно, совесно и квалитетно враќање на нотарските работи, рече Маневски.

Со новиот закон од минатата година во присуство на адвокатите, граѓаните мораат да ги заверуваат купопродажните договори, за движен и недвижен имот со вредност од над 10.000 евра.