Wednesday, May 1, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонРадост кај фановите – Nokia со нови смартфони

Радост кај фановите – Nokia со нови смартфони

Nokia по се изгледа се враќа во игра со нови смартфони кои ќе бидат лансирани во текот на наредната година, доколку раководството повторно не се предомисли и исплаши од сенката на Microsoft.

nokia android

Веста ја потврди и извршниот директор Раџив Сури кој изјави дека Nokia ќе креира дизајн и лиценци за телефони, а производстовото ќе се врши преку надворешен партнер. Задачата најверојатно ќе ја добие некој кинески бренд, што значи ниска цена, Android оперативен систем и моќни перформанси.