Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНобеловата награда за економија во рацете на Ангус Дитон

Нобеловата награда за економија во рацете на Ангус Дитон

Британско – американскиот економист Ангус Дитон е овогодинешниот добитник на Нобеловата награда од областа на економијата. Кралската шведска академија ја додели наградата токму на Ангус  “за неговата анализа на потрошувачката, сиромаштијата и благосостојбата.”

Истражувањето на ова поле придонело за промената на микроекономијата, макроекономијата и развојот на економиите во целина, како и фактот дека за да се изградат економски политики кои ќе ја стимулираат благосостојбата и ќе ја намалат сиромаштијата, треба да се разбере повеќе индивидуалната потрошувачка.