Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНиту Јанакиевски не даде отчет пред пратениците

Ниту Јанакиевски не даде отчет пред пратениците

Поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиевски кој е еден од најчесто присутните лица во телефонските разговори кои ги објавуваше опозицијата не дојде да сведочи пред анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето. Јанакиевски повеќе не е владин функционер и не ја известил воопшто комисијата дали ќе доаѓа или не, па пратениците не можат ниту да му „наредат“ да се појави.

anketna komisija za prisluskuvane

Денешната седница пројде во вреѓање меѓу пратениците на власта и опозицијата. Следен кој треба да сведочи е Зоран Ставревски на 17-ти декември, но најверојатно и тој како и неговиот кумашин Груевски ќе побара отстранување на медиумите и јавноста од седницата.