Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНица и се приклучи на забраната за носење на буркини

Ница и се приклучи на забраната за носење на буркини

Ница се приклучи во низата на француски летувалишта кои го забранија носењето на буркини- исламска верзија на костим за капење која го покрива целото тело, соопштија во петокот градските функционери. Како што беше објавено во соопштението, градот го забранил овој костим, кој „отворено ја манифестира припадноста на оваа религија во време кога Франција и нејзините светилишта се на мета на терористички напади“.

До сега забраната за носење на Буркини во Франција се спроведува во 15 градови, вклучувајќи го и Кан, каде три жени беа казнети за носење на буркини со парична казна од по 38 евра за време на викендот.