Thursday, May 2, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНишто од Мустафи, Белгиец ќе го менува Мертесакер во Арсенал?!

Ништо од Мустафи, Белгиец ќе го менува Мертесакер во Арсенал?!

Арсен Венгер мора да пронајде замена за Пер Мертесакер кој заработи повреда на коленото, па „столбот“ на одбраната на Арсенал го очекува подолга пауза од очекуваното. Прва желба на „професорот“ беше Мустафи од Валенсија, но понудата беше одбиена, па Венгер има нова „мета“. Белгиецот кој настапува за Зенит, Николас Ломбартс преговара со лондонски Арсенал и е најсериозен кандидат за замена за повредениот Пер Мертесакер.

Арсенал ќе се обиде да го добие Белгиецот, а доколку не успее друга алтернатива е дефанзивецот на Торино, Бруно Перез.Ватфорд и Андерлехт исто така го контактирале менаџерот на Ломбертс, но опцијата Арсенал изгледа најповолна за фудбалерот. Затоа тој е подготвен да ги сочека сите други понуди само за да потпише за клубот од „Емирати“.