Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНиколовски: Се одржа првата ЕУ прес-конференција со превод на македонски јазик!

Николовски: Се одржа првата ЕУ прес-конференција со превод на македонски јазик!

Вицепремиерот Љупчо Николовски е задоволен од новиот извештај на Европската комисија за реформскиот напредок на Северна Македонија и го истакна значењето на денешниот датум на кој за прв пат една прес конференција од европската престолнина беше преведедувана и на македонски јазик.

„Денеска се одржа првата ЕУ прес-конференција која беше преведувана на македонски јазик! Како датум ќе остане запишан во историјата на нашиот пат кон полноправно члество во Унијата. На истиот овој ден, го добивме и извештајот на Европската комисија за реформскиот напредок на Северна Македонија за оваа година.

Извештајот потврдува дека постигнуваме напредок во голем број области, а во понатамошните денови и вие како јавност ќе бидете запознаени со деталите од него. Ме радува напредокот во борбата со спречување криминал и корупција, како и основните човекови права, изборите, правосудството итн.

Извештајот нека биде алатка за трасирање на патот во блиска и средна иднина, како и мерило за успесите кои заедно мораме да ги постигнеме“, напиша Николовски.