Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамНикој повеќе нема да вози во болидот 17

Никој повеќе нема да вози во болидот 17

Во чест на Бјанки, никој повеќе нема да вози со болидот 17. ФИА го повлече денес бројот 17 од Ф1, во знак на почит кон возачот на Марусија, Бјанки кој почина од повреда на главата на трката во Јапонија. Бјанки во минатата сезона, во која на возачите им беше дозволено да бираат броеви, возеше 15 трки во болидот со број 17. Жан Тон поради тоа повлекувањето на бројот 17 изјави дека е „прикладен гест“.

Бјанки умре во петокот од последица на повреда на главата која ја доби на трката во Ф1 за ГН на Јапонија минатиот октомври. Возачот на Марусија од тогаш беше во кома. Погребот ќе се одржи утре во неговиот роден град Ница. Се очекува на трката во Унгарија да му се покаже почит на Бјанки. Бјанки во сезоната 2013/14 учествуваше во 34 трки, а со 9-то место минатата година во трка за ГН на Монако ги освои првите бодови за Марусија во Ф1.