Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНапнат ден во Косово: Протестите имаа ефект, Владата го повлече законот

Напнат ден во Косово: Протестите имаа ефект, Владата го повлече законот

Косовскиот премиер Иса Мустафа денеска пред пратениците на Собранието соопшти дека Владата во Приштина го повлекува законот за демаркација на границата со Црна Гора. Според Мустафа, Владата оценува дека има бројни реакции за да се усвои овој закон, но исто така според него тоа не значи дека косовската Влада се одрекува од демаркацијата на границата со Црна Гора.

Надвор од Собранието, движењето Самоопределување го започна протестот. Демонстрантите извикуваат „Крадци во затвор“ и „Предавници“ алудирајќи дека со договорот Косово ќе загуби 8200 хектари што според нив е многу територија и е апсолутна штета врз државните интереси. Целиот град беше под силно полициско обезбедување.

Пратениците на опозицијата во косовското Собрание изразија задоволство од повлекувањето на законот, но потенцираа дека проблемот на Владата на Мустафа е во тоа што таа нема обезбедено двотретинско мнозинство бидејќи повеќе пратеници на власта од редот на Демократската партија на Косово се против овој закон, со кој според нив на Косово му се одземааат цели хектари на територија на Косово во интерес на Црна Гора.

По објавувањето на веста за повлекување на законот од страна на Владата, членовите и симпатизерите на политичкото движење започнаа да прославуваат пред објектот на Собранието во Приштина, оценувајќи дека Владата дефинитивно сфатила дека нема доволен број на пратеници за да го усвои овој, како што велат, „антикосовски закон“.