Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОбвинителката на „Ровер“ се повлече, Бошкоски ќе покаже докази за негово местење

Обвинителката на „Ровер“ се повлече, Бошкоски ќе покаже докази за негово местење

Обвинителката Лидија Раичевиќ – Вучкова, во случајот „Ровер“, во којшто му се суди на Љубе Бошкоски, се повлекува од овој случај откако поранешниот министер за внатрешни работи излезе со тврдење дека поседува докази дека овој случај е наместен.

Обвинителка ќе побара мислење од Јавното обвинителство коешто ќе треба да одлучи кој е надлежен за овој случај, државното обвинителство или Специјалното јавно обвинителство.

Бошкоски на денешното судење изјави дека поседува материјал аудио-снимка и транскрипт снимени на УСБ од коишто наводно се гледа дека процесот е „полициско-политичка монтажа“. Материјалите преку својот адвокат ќе ги достави до Специјалното обвинителство.

Судењето е одложено за јануари. Случајот по трет пат се суди во Кривичниот суд во Скопје, откако Апелација двапати ја укина простепената пресуда. Бошкоски е осуден на десет години и шест месеци години затвор за вмешаност во убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев, во 2001 година, во времето кога ја извршување министерската должност во МВР.