Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАНеверојатна интелигенција – 12-годишна девојка ги надмина Ајнштајн и Хокинг

Неверојатна интелигенција – 12-годишна девојка ги надмина Ајнштајн и Хокинг

Никол Бар е обична 12-годишна девојка од Британија која живее во приколка како дел од патувачка заедница во својата земја. Нејзиниот татко забележал дека нешто необично и импресивно и ја натерал да направи тест на интелигенција, резултат кој би можел да ја кавлификува во „славното општество“.

И воопшто не згрешил, бидејќи младата Никол постигнала дури 162 поени на тестот, надминувајќи генијалци како Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг. Нејзиното име ги исполни насловните страници на многу весници ширум светот, но и невролозите искажаа свој став околу ваквите тестови за интелигенција.

iq-testСамите велат дека тестовите за интелигенција не ја покажуваат целосната слика за интелигенцијата, односно соодветно ја мерат меморијата, способноста за математика, вербално расудување и логика, но не и целокупната интелигенција која вклучува синхронизација на неколку региони на мозокот одеднаш.

И покрај се, останува фактот дека тестовите за интелигенција се прифатена алатка со која општеството ја мери интелектуалната моќ, па така, победата на два од најпознатите умови во историјата е прилично импресивно.