Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНесудениот претседател Сендерс би го помилувал Сноуден

Несудениот претседател Сендерс би го помилувал Сноуден

Берни Сендерс, несудениот претседател на САД, но се уште со големо влијание кај гласачите, му порача на својот сопартиец во Белата куќа, Барак Обама да го помилува Едвард Сноуден како единствен правен излез од невозможното обвинение покренато против него со кое тој сигурно би добил смртна казна.

– Информациите кои ги изнесе Сноуден му помогнаа на Конгресот и на американскиот народ да го разберат степенот до кој НСА ги злоупотребувала надлежностите и да ги научат уставните права на Американците, изјави Сендерс за медиумите.

Проблемот е што Сноуден не може да се брани на суд врз база на штитење на јавниот интерес туку дали открил доверливи информации според Актот за шпионажа. Тој не може да се брани како „свиркач“, односно лице од внатрешен круг на некоја организација кое открива доверливи тајни за општо добро и разоткривање на нечесни дела.

Сноуден како екс припадник на американските тајни служби и понатами е во егзил во Москва и побара од Обама амнестија пред да му заврши мандатот во ноември.