Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНема крај на безобразлукот: Тепаат новинари, па ги обвинуваат за лажни вести

Нема крај на безобразлукот: Тепаат новинари, па ги обвинуваат за лажни вести

Уште на почетокот на протестите „За одбрана на Македонија“ новинарска екипа беше нападната. Колегите од порталот А1он завршија во болница со потрес на мозокот и повреди на вратот и главата. Организаторите се оградија од одговорност и декларативно повикаа на мирни протести. Само неколку дена подоцна нападната беше и екипата на Тв 24. Очигледно, организаторите не можеа да најдат оправдување на настанот, па го обвинија тепаниот Христијан Баневски за лажни вести, иако тој најпрофесионално си ја извршуваше својата работа. Но, отидоа и чекор подалеку. Колегата Баневски е „фатен на пик“, па при неговото повторно известување, повторно беше удрен со рачка од знаме по главата. Потоа излегоа и снимки на кои јасно се гледа како организаторите пред самиот почеток на говорот, го туркаат само Баневски додека стои во редот со сите други новинари. Дури беше повикан и редар за да го отстрани новинарот. Сега, вербалните напади и закани против новинарот не прекинуваат, па се наметнува прашањето за неговата безбедност. Не е исклучена можноста, Баневски да побара и полициска заштита.
banevski
Инаку, неговиот татко, од сосема разбирливи причини и загриженост за своето дете, му се обрати на организаторот на протестот, Богдан Илиевски или познат како Бетмен Велит. И наместо организаторот да се извини за немилите настани, тој продолжи со навредите не само кон новинарот туку и кон медиумот во кој е вработен обвинувајќи за лажни вести. Ова докажува дека се води хајка против независните медиуми и против новинарите кои не пишуваат политички памфлети туку се занимаваат со вистинско новинарство. Па така, наместо извинување и оградување, Богдан Илиевски на својот профил продолжи со навредите.
bogdan
Новинарот Христијан Баневски го повика Богдан на дебата за да ги демантира неговите лаги, но и го потсети дека не му оди добро на дебатите со оглед на фактот дека последниот пат кога се појави на дебата – избега.
kiko
За потсетување, ниту еден новинар не беше истепан на Шарената револуција, ниту пак се водеше хајка против медиумите кои го сатанизираа протестот. Тоа зборува многу не само за оправданоста на протестите, туку и дава целосна слика за нивната намера.