Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмНе стивнуваат критиките на троловите за лицето на Мег Рајан

Не стивнуваат критиките на троловите за лицето на Мег Рајан

Актерката Мег Рајан по долги години на криење од јавноста конечно се појави на доделувањето на наградите „Тони“ но, нејзиното лице речиси упрапостено од пластичните операции беше главен мотив за злобни коментари на интернет троловите кои ја споредуваа со Џокерот. Тоа доведе до жестоки „контри“ на интернет сферата особено во период кога јавноста во САД жали за 50 жртви на нападот во геј клубот Пулс во Орландо.

meg rajan joker

Мег Рајан е една од актерките во Холивуд која во младоста беше почитувана поради убавината и талентот, но во подоцнежната кариера не можеше да добие квалитетни улоги токму поради големите стереотипи за тоа како треба да изгледа една жена.