Saturday, May 4, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмНе две, туку четири продолженија на „Аватар“!

Не две, туку четири продолженија на „Аватар“!

Од кога престана да се прикажува во светските кино сали, обожавателите на „Аватар“ со нетрпение го очекуваат новото продолжение. Иако сите знаат дека Џејмс Камерон не може да побрза, на сите им беше чудно тоа што и после седум години нема никакви цврсти гаранции дека ќе има следно продолжение на филмот. Меѓутоа, Камерун тврди дека тоа ќе се случи во 2018 година, како и тоа дека вкупно ќе бидат снимени четири продолженија. И покрај тоа што сите знаат дека Камерон никогаш не кажува нешто што не може да го исполни, сепак четири продолженија навистина звучат малку како нестварна амбиција.

Камерон на една конвенција во Лас Вегас истакна дека моментално работи на ново сценарио заедно со својот тим, како и тоа дека во еден момент сватиле дека имаат премногу приказни за сите тие да можат да бидат опфатени само со еден или два филма. Славниот режисер објасни дека сите филмови ќе бидат посебни приказни, но дека сите ќе оформат заедничка целина на крајот. Според зборовите на Камерон второто продолжение на „Аватар“ би требало да започне да се прикажува во светските кино сали од 2018 година.