Friday, May 3, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмКамерон конечно го призна она што публиката го мисли за „Аватар“

Камерон конечно го призна она што публиката го мисли за „Аватар“

Џејмс Камерон, режисер на филмскиот хит „Аватар“, неодамна призна дека претерал со пишувањето на сценариото за проодлжувањето на овој наслов. Според зборовите на режисерот, пробитниот план бил да се снимат две продолженија, но студиото „20th Century Fox“ било и повеќе од задоволно со одлуката да бидат снимени четири филма.

„Аватар првобитно беше замислен како трилогија, но се занесов во пишувањето на сценариото, па така филмот ќе има уште четири продолженија. Првото продолжение практично се клонираше и сега доаѓаат во предвид два дополнителни филма“, изјави Камерон. Првото породлжение, „Аватар 2“ ќе се појави во кино-салите во САД во декември 2018 година, „Аватар 3“ се очекува да има премиера во декември 2020 година, а „Аватар 4“ својата премиера ќе ја има во декември 2022 година.

Првиот дел од 2009 година, влезе во историјата како филм со најголема заработка во историјата на филмската индустрија, што значи дека ќе биде исклучително тешко да се оправдаат очекувањата на публиката. „Сосема е очигледно дека од овие филмови се очекува многу, посебно од „Аватар 2, па ќе се обидеме да ги исполниме очекувањата на публиката“, изјави 61-годишниот режисер.