Saturday, Apr 27, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтомНауката позади канабисот и ракот на мозокот

Науката позади канабисот и ракот на мозокот

Поради канабисот се покренаа многу дебати и расправии последниве неколку години. Голем дел од САД и многу земји ширум светот го легализираа канабисот во медицински цели. Тоа е нормално, добра вест. Има безброј примери за тоа на колку луѓе канабисот им помогнал во лекување на многу различни болести, што поткрепено со научни и медицински истражувања полека но сигурно се потврдува.

Но што е со негативните ефекти? Сите психолошки евалуации на луѓе кои консумирале канабис биле обсервативни, сугестивни и под претпоставки, што прави кога ќе погледнеме низ науката околу канабисот, тие воопшто не можат да се потврдат како постоечки. Канабисот дефинитивно помага во лекување на многу болести, но тука ќе се задржиме само на ракот.

kanabis protiv rak

Рак на мозокот

Во студии објавени во „British Journal of Cancer“ , спроведени во оделот за биохемија и молекуларна биологија во „Complutense University“ во Мадрид, покажува дека тетрахидроканабинолот и други канабиноиди го спречуваат растот на туморот. Тие беа одговорни за првото истражување со користење на „THC“ во борбата против ракот.

Во студиите објавени во „the journal of neuroscience“ канабисот помага во акутни невролошки пореметувања и во невро дегеративни болести. Магнетната резонанца направена на лабораториски глувчиња покажува дека главната состојка на канабисот помага при лекување на овие болести.

Во студиите објавени во „journal Molecular Cancer Therapeutics“ потврдено било дека канабисот има позитивен ефект во борбата против ракот. Во истражувањето утврдено е дека канабисот има одличен ефект во превенција и лекување на болеста бидејќи значително ја намалува одржливоста на глиомата.

Во студиите објавени во „Molecular Cancer Therapeutics“, научниците тврдат дека ракот моментално има голема отпорнотст кон моменталната терапија и дека мора да се најдат алтернативни начини за лекување на истата болест.