Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарНароден театар-Битола на ,,Шекспир фестивал” во Нови Сад

Народен театар-Битола на ,,Шекспир фестивал” во Нови Сад

Ансамблот на Народниот театар-Битола ќе  гостува на вториот „Шекспир фестивал“, кој од 25 до 30 јуни ќе се одржи во  Нови Сад.

Нашите претставници ќе ја одиграат  претставата ,,Oтело’’ во режија на Диего Де Бреа. Станува збор за драма која Шекспир ја напишал во 1604 година.

На овогодинешниот ,,Шекспир фестивал’’, освен битолскиот театар ќе гостуваат и театри од Иран,Белорусија и Велика Британија

ОТЕЛО

Според програмата, театарот од Белорусија ќе настапи прв со претставата „Кралот Лир“, театарската група „Кататонија“ од Техеран, Иран ќе ја изведе претставата „Магбет“, а  честа да ја затвори театарската програма ќе ја има токму битолскиот театар.

На овој меѓународен настан, освен театарски претстави ќе има работилница и проекција на филмови од Орсон Велс работени според делата на Вилијам Шекспир.