Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманНаправете вкусен чипс, но не од компири

Направете вкусен чипс, но не од компири

Дали некогаш сте помислиле дека можете да направите вкусна закуска, при тоа главната компонента на јадењето да ја замените со нешто на кое никогаш не би помислиле?

Ви предлагаме да подготвите брз и лесен чипс со боранија како главна состојка. Нека не ве одвраќа помислата дека се работи за боранија наместо компир, ве уверуваме дека ќе се заљубите во овој рецепт.

9b81465b92ab4d1cf478411416505bac-341x1024Состојки:
*брашно
*лук во прав
*кромид во прав
*црвен пипер
*ленено семе или сусам по желба
*1 јајце
*сол
*лебни трошки

Секое стапче боранија се валка прво во брашно, пoтоа во јајца и на крај во измешаната смеса од лебните трошки и зачините. Се пржат додека не зацрве­нат.

Идеални се за комбинација со некој бел или пикантетн сос кој исто така можете сами да го подготвите или, пак, да го купите.

Добар апетит.