Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНападнато 17-годишно момче пред салата на клубот „Работнички“

Нападнато 17-годишно момче пред салата на клубот „Работнички“

Вчера околу 22 часот во полициската станица во Центар, 17-годишно момче пријавило дека било нападнато од непознати сторители.

Инцидентот се случил откако 17-годишникот околу 18 часот го напуштил градскиот стадион „Филип Втори“,  каде што бил на работа како редар за време на фудбалски натпревар помеѓу ФК Работнички и ФК Вардар, и со неговиот другар се упатиле кон салата на КК Работнички.

На влезот од салата забележале околу 10-тина лица од навивачка група кои почнале вербално да ги навредуваат, а пријавениот заедно со другарот влегле во возило управувано од нивен роднина.

По ова, еден од навивачите го удрил возачот од возилото, а пријавителот излегол од возилото за да избега по што бил  физички нападнат и со стаклено шише го удриле по главата.

Истиот е пренесен во ГОБ Св. „Наум Охридски“ каде му се констатирани телесни повреди и е пуштен на домашно лекување, а се преземаат мерки за отривање на сторителите, велат од полицијата.