Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаНајморничавите места во Европа

Најморничавите места во Европа

Доколку морници ве лазат кога проаѓате покрај локалните гробишта, тогаш сигурно ќе осетите сличен феномен во продолжение.

Катакомбите во Палермо, Италија
palermo
Пред околу 400 години, монасите од манастирот Капучин, Сицилија, останале без простор на гробиштата при што решиле да изградат катакомби под манастирот. Поради некој непозната причина, првиот монах кој бил одговорен за катакомбите по неговата смрт бил мумифициран. Ова потикнало традиција која траела цели 300 години. Денес ”најубавите” скелети се облечени и закачени на ѕидовите.

Бродот СС-Америка, Канарински острови, Шпанија
ss
Изграден во 1936, овој величествен брод лужел на Американската морнарица скоро половина век, кој подоцна бил заменет со побрзи и поголеми бродови. Американската морнарица го продала бродот на Таиландска компанија која планирала да го реновира и претвори во хотел на вода. Бродот бил испратен од Грција но бил зафатен од бура и уништен од громови неговите остатоци лежат на немирниот Атлантик кој непрекинато го ”удира” бродот со бранови што предизвикува морничава гледка.
Градот на Мртвите, Осетија, Русија
ru
Навидум мало селце со чудни градби но што се крие внатре? Скелети на цели семејства, облечени, со сите нивни материјални добра. Секоја куќа е гробница на едно семејство што грави местото едно од најморничавите на светот.