Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНајмладите убијци во САД пуштени на слобода

Најмладите убијци во САД пуштени на слобода

Куртис и Кетрин Џоунс се најмладите осудени убијци во Америка кои на возраст од 12 и 14 години ја застрелале девојката на нивниот татко. Сепак, пред да ги осудите и да помислите дека се некакви деца монструми треба да ја дознаете целата приказна. Братот и сестрата се жалеле на таткото дека еден од нивните роднини сексуално ги злоупотребува и силува, но тоа не можеле да го докажат.

curtis and catherine jones2

Ниту социјалните служби не биле од голема помош по што децата скроиле кобен план да го убијат роднината педофил, но и нивниот татко и неговата девојка. Откако ја застрелале Соња Спајт испаничиле и не го спровеле својат план докрај.

Обвинителството со малолетниците постигнало договор за признавање на вината по што добиле казна од 16 години затвор, а избегнале доживотна робија. Сега и двајцата ќе бидат на слобода по излежаната казна.