Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиНајмлада пливачка на ЛОИ го преживеа земјотресот во Непал

Најмлада пливачка на ЛОИ го преживеа земјотресот во Непал

Гаурика Синг со само 13 години и 255 дена ќе биде најмладата учесничка на Летните олимписки игри во Рио кои започнуваат за неколку дена. Таа поседува неколку државни рекорди на Непал, а го преживеала страшниот земјотрес кој однесе 9000 жртви.

gaurika0

Таа ќе настапи во квалификациите во дисциплината 100 метри грбно во недела кога сите очи на спортската јавност ќе бидат вперени во неа.
Синг со семејството емигриралa во Лондон каде има подобри услови за тренинг и напредок во кариерата, но секако чуствува огромен притисок.