Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНајголемото наоѓалиште на природен гас пронајдено во Египет

Најголемото наоѓалиште на природен гас пронајдено во Египет

Пронајдено е едно од најголемите наоѓалиште на природен гас на брегот на Египет, велат од италијанската енергетска компанија Eni. Се работи за област од 1450 метри под површината која опфаќа 100 квадратни метри и во која е можно да има наоѓалишта од 850 милијарди кубни метри гас.

Од Eni посочија дека полето може да се претвори во едно од најголемите наоѓалишта на природен гас во светот и да ги пречека потребите на Египет за децении.

Откако во јуни фирмата потпиша договор за студии со египетското Министерство за нафта во вредност од 2 милијарди долари, доби зелено светло да истражува во Синај, Суецкиот залив, Медитеранот и во областите во делтата на реката Нил.