Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНајава за реновирање на Градската болница во Скопје

Најава за реновирање на Градската болница во Скопје

Санација и доградбра се очекува да  биде спроведено во Градската болница во Скопје. Во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ ќе се реновира операцискиот блок, делот за интензивна нега, просторот за реанимација, покривната конструкција, болничките соби и влезот во Итната помош.

 

Од Министерството за здравство најавуваат дека за овој потфат издвоиле 2.4 милиони евра. Градежните активности ќе се спроведуваат во рок од 24 месеци. Објектот на Градската болница во Скопје претставува еден од првите примероци на модерната архитектура што се издигнале на тлото на нашата земја. Проектот за овој објект го изработил познатиот хрватски архитект Драго Иблер и истиот е реализиран во 1929 година. Зданието е прогласено за споменик на културата и е вметнато во Регистарот на културно наследство на Македонија.