Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноНаградата за најгрдо куче на светот за 2015 ја освои Квазимодо

Наградата за најгрдо куче на светот за 2015 ја освои Квазимодо

На овогодинешниот натпревар за „Најгрдо куче на светот за 2015“ во Калифорнија, првото место го освои 10-годишниот мелез Квазимодо и главната награда од 1.500 долари.

Името е инспирирано од грбавиот Квазимодо од  „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ поради деформитетот на `рбетниот столб.

kvazimodo2Овој натпревар се одржува веќе 27 години и има за цел да ја подигне свеста за напуштените кучиња и да ги поттикне луѓето да вдомуваат кучиња од шинтерница. Квазимодо, која и покрај машкото име што го носи е сепак женка, била напуштена и живеела во шинтерница околу една година, но за среќа била посвоена од ветеринар во Флорида и несомнено се наоѓала во добри раце.

Минатата година Квазимодо на истиот натпревар го освоила второто место.

kvazimodo3