Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНа полноќ истекува рокот за потписи за независни кандидати

На полноќ истекува рокот за потписи за независни кандидати

Вечер на полноќ завршува рокот за собирање потписи на независни кандидати за советници и за градоначалници за Локалните избори 2017 година.

Потписи за советници и за градоначалници се собираат во повеќе општини.Според Роковникот за спроведување на локалните избори 2017 на Државната изборна комисија (ДИК), поднесените листи од страна на независните кандидати и од политичките партии ОИК треба да ги потврди најдоцна до 14 септември.

До 9 септември на полноќ, пак, трае и јавниот увид во Избирачкиот список. Граѓаните увид можат да направат во подрачните оделенија и канцеларии на ДИК и електронски преку апликацијата на веб-страната на Комисијата.

Минатата недела во ДИК оценија дека се зголемува бројот на граѓани кои вршат увид во своите податоци во Избирачкиот список пред локалните избори, закажани за 15 октомври на кои ќе се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.