Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАНѐ очекува претежно сув и студен вторник

Нѐ очекува претежно сув и студен вторник

Денес времето во Македонија ќе биде суво, без врнежи, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утрото ќе биде посвежо во однос на претходните, минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 9 степени, а максималната од 18 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо време, но со подолги сончеви периоди. Дневната температура ќе се движи од минимални 9 до максимален 21 степен Целзиусов.