Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР ги доби решенијата за притвор на Грујовски и Бошкоски

МВР ги доби решенијата за притвор на Грујовски и Бошкоски

Министерството за внатрешни работи ги добило решенијата од Апелацискиот суд Скопје за притвор на поранешниот началник на петтата управа во МРВ, Горан Грујовски, и на неговиот соработник Никола Бошковски и вечерва се постапува по нив, потврдија од МВР за „Мета“.

Оттаму не сакаа да кажат дали Грујовски и Бошковски биле пронајдени во нивните домови и дали биле приведени.

Врховниот суд денеска ја одби жалбата на бранителите на Грујовски и на Бошковски и ги потврди решенијата од Апелацискиот суд Скопје за притвор од 30 дена за обајцата.

Сите тројца се обвинети од СЈО во предметите „Тврдина“ и „Таргет“, кои се споија, за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало. Грујовски е првообвинет, а Бошковски, според обвинението, е извршителот на наредбите.