Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМВР апси борци на ИД од Македонија

МВР апси борци на ИД од Македонија

Утринава се започнати спроведувања на акции за апсење лица  за кои постојат сомнежи дека учествувале во борбите во Сирија на страна на милитантната исламистичка организација Исламска држава (ИД). Акцијата ја спроведуваат екипи на Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, специјалните полициски сили извршиле претреси во неколку градови во Македонија: Скопје, Струга, Куманово, Тетово и Гостивар. Според првичните информации, покрај учесници во паравоените формации на ИД, приведени се и лица за кои постојат сомнежи дека врбувале македонски државјани за да учествуваат во борбите во Сирија.

Од МВР велат дека за време на акцијата не се регистрирани инциденти.