Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМуслиу: Оние кои ќе ја попречуваат работата на новата влада, законски ќе одговараат

Муслиу: Оние кои ќе ја попречуваат работата на новата влада, законски ќе одговараат

Аналитичари им контрираат на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека претседателот на парламентот е избран незаконски. Според Алберт Муслиу, мнозинската поддршка за Талат Џафери е принципот над сите други.

„Легалноста на Талат Џафери се потврдува со парламентарното мнозинство што го изгласа и ако тие имаат каков било спор во врска со парламентарното мнозинство, имаат начини, според Деловникот на Собранието, да бараат индивидуално гласање, но не и да го блокираат системот. Ова се зборови на деморализирана каста, која веќе разбра дека не може да го запре конституирањето на институциите на Македонија. Сега имаме конституирано Собрание, ќе се формираат парламентарните комисии, ќе биде формирана и новата влада, а сите оние кои ќе почнат да ја блокираат или да ја попречуваат работата на сите овие тела ќе сносат законска одговорност која им следува“, вели аналитичарот Алберт Муслиу за Алсат М телевизија.