Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРеформите мора да бидат спроведени, порача Хан пред посетата на Скопје

Реформите мора да бидат спроведени, порача Хан пред посетата на Скопје

Новата Влада и опозицијата треба да се фокусираат на имплементацијата и на реформските приоритети и на Договорот од Пржино за да ја вратат Македонија на патот кон Европската Унија, се вели во денешното соопштение на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во пресрет на неговата посета на земјава, закажана за понеделник.

„Земјата, со континуирана помош од Европската Унија, конечно ја надмина политичката криза преку добро спроведени избори и со формирањето ја новата Влада. Сега новата Влада, заедно со опозицијата, треба да се фокусира на имплементацијата на реформските приоритети и на Договорот од Пржино за да се врати земјата на нејзиниот пат кон ЕУ-интеграцијата. Реформите мора да бидат спроведени за да се подобри животoт на луѓето, да се работи на стабилноста, напредокот и правдата. Затоа ѝ дадов задача на групата на независни правни експерти, предводена од Рајнхард Прибе, да ѝ помогне и да ја советува новата влада за прашањата за системското владеење на правото“, напиша Хан.

Еврокомесарот в понеделник доаѓа во земјава на разговори за владините реформски планови и за да ја повтори поддршката на ЕУ во процесот на спроведување на потребните реформи за членство на земјава во Европската Унија.

Хан во Скопје, како што стои во соопштението, предвидено е да има средби со премиерот Зоран Заев, со новата влада и со политичките лидери во земјава.