Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисМугуруза со солзи радосници – се избори за финале на Вимблдон

Мугуруза со солзи радосници – се избори за финале на Вимблдон

Денешното полуфинале помеѓу Мугуруза и Радванска резултираше со позитивен резултат за шпанската тенисерка. Во првата полуфинална пресметка, Мугуруза со резултат од 2:1 во сетови (6:2, 3:6, 6:3) ја елиминираше полската претставничка и со тоа си обезбеди место во големото финале.

Се очекува и одигрувањето на втората полуфинална пресметка помеѓу првата носителка Вилијамс и Марија Шарапова, а дотогаш проследете го последниот поен на Мугуруза што ја одведе до големото финале.