Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМосква: Спречен терористички напад во Крим, Киев демантира

Москва: Спречен терористички напад во Крим, Киев демантира

Руската федерална служба за безбедност соопшти дека спречила терористички напад на Крим кој го организирала известувачката агенција на украинското Министерство за одбрана, што Киев веднаш го демантираше. Како што пренесоа руските медиуми, ФСБ објавила дека тоа се случило на 8 август и дека во конфликт животот го загубиле ден припадник на таа служба и еден руски војник.

„Државјаните на Русија и Украина кои помагале во подготовките на овие терористички напади се уапсени. Тие моментално даваат изјава во која тоа го признаваат“, пренесе „Тас“. Во Киев овие шпекулации беа демантирани од страна на портпаролот на украинската воена известувачка служба.