Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМосква му порача на Рама: Неприфатливи се изјавите за прекројување на границите на Балканот

Москва му порача на Рама: Неприфатливи се изјавите за прекројување на границите на Балканот

Министерството за надворешни работи на Русија ги оцени како неприфатливи изјавите за прекројување на границите на Балканот.

„Сметаме дека под маската на неоснованите обвинувања дека русија се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во југоисточна Европа се преземаат мерки за реализација на
големоалбанскиот проект сега врз основа на Уставот на Албанија, кој и дава на Тирана право да ги штити интересите на Албанците во странство. Под маската на лицемерни разговори за стабилизација во регионот под „чадорот“ на НАТО, се случува поткопување на темелите на стабилноста, заземен е курс кон прекројување на балканските граници кој драматично го зголемува потенцијалот за конфликт“, стои во реакцијата на руското МНР, која следи по изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека можно е присоединување на Албанија и Косово доколку продолжат да бледеат перспективите за интегрирање со ЕУ?

Москва истовремено ги повикува ЕУ и САД да не се оградуваат само со срамежливи или општи фрази кои ништо не значат, туку јасно да ги осуди изјавите кои промовираат територијални претензии.