Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимМорето прави чуда за вашето здравје

Морето прави чуда за вашето здравје

Освен што ќе се одморите и ќе се опуштите на одмор, има уште неколку причини зошто секоја година треба да одите на море. Соленото мора има низа бенефиции на здравјето.

За подобар имунитет
Морската вода е полна со витамини, сол, аминокиселини и микро организми кои делуваат како природни антибиотици, и помагаат вашето тело да се избори против штетните бактерии. Покрај водата ќе ви помогне и морскиот воздух чии негативно наелектризираните јони ќе влезат во вашето тело, кои се исто така важни за одбраната на организмот.

За поубава кожа
Магнезиумот во морската вода помага во хидратацијата и изгледот на вашата кожа. Исто така, ефикасен е во намалувањето на црвенилото и грубата кожа, но луѓето кои страдаат од дерматолошки проблеми се препорачува да не поминуваат долго време во морето.

Подобра циркулација
Пливањето циркулаторниот систем, и топлата морска вода може да ги замени минералите изгубени со стресот, лошата исхрана и загадувањето на околината.

Го балансира телото
Кога пливате вашето тело почнува да се лекува самото себеси, намалувајќи ги симптомите на болестите како астма, артритис, бронхитис и инфекција или воспаление. Водата ги релаксира мускулите и има позитивен ефект на квалитетот на спиењето, што придонесува до ментална стабилност и добро расположение.