Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМонтреал Импакт склучи договор, Дрогба заминува во МЛС лигата

Монтреал Импакт склучи договор, Дрогба заминува во МЛС лигата

Поранешниот фудбалер на прволигашот Челси, Дидие Дрогба, и официјално стави потпис на договорот со канадски Монтреал Импакт.

По 381 одигран натпревар со „сините“ и четири освоени титули во Премиер лигата, 37-годишниот фудбалер реши да ја продолжи кариерата во Америка и да се приклучи во МЛС лигата каде повторно ќе се сретне со добропознатите фудбалери од најдобрата лига, Стивен Жерард и Франк Лампард.

„Чест ми е да му посакам добредојде на Дидие Дрогба во клубот. Уште од првиот разговор што го имав со него почувствував дека тој навистина сака да игра во Монтреал. Неговото доаѓање во клубот ќе има свои бенефиции во секој аспект од играта“, изјави претседателот на Монтреал Импакт, Џој Сапуто.