Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДидие Дрогба има нов клуб!

Дидие Дрогба има нов клуб!

Дидие Дрогба продолжува да игра фудбал и во 39-та година од својот живот, неговиот нов клуб игра во УСЛ ( втора лига во САД) во клубот Пхоник Рисинг.

Дрогба е играч кој има 106 настапи за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска и 65 постигнати голови. Тој ја започна својата кариера во францускиот Ле Ман, тој се преселил во Гингамп а потоа и во Марсеј, каде блесна и голгетерски експлодира, како во домашните натпревари така и во Лигата на шампионите, тоа беше добар мотив Челзи да го донесе во нејзините редови од 2004 до 2012 година во овој период тој одигра 381 натпревар, постигна 164 гола и 86 асистенции. Следеше потоа трансфер на Шангај Шенхуа, а потоа во Галатасарај, и повторно во Челзи за во 2015 година, Дрогба да замине во МЛС лигата поточно во Канада Монтреал.

Еден од лидерите на Пхоник Рисинг изјави, “Дидие Дрогба ќе ни помогне да покажеме дека го цениме партнерство што го потпишавме со лигата, според кое ние треба да се амбасадори на фудбалот на теренот и надвод од него на турнеја низ градови во САД и низ Северноамериканскиот континент“.