Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМолотов коктел за седиштето на Синодот на Грчката првославна црква

Молотов коктел за седиштето на Синодот на Грчката првославна црква

Врз седиштето на Светиот Синод на Грчката православна црква во текот на изминатата ноќ е изведен напад со Молотов коктел, при што се уништени два автомобила во дворот, но зградата не е оштетена, јавија денеска американските медиуми.

Никој засега не ја презеде одговорноста за нападот, наведуваат американските медиуми. Грчката Влада денеска го осуди нападот во Атина, ветувајќи дека и натаму ќе ги штити верските слободи во земјата. Во изминатите неколку дена црковните објекти и имот веќе беа цел на вандализам и злонамерно палење, а нападите го сторија анархистички групи, потсетуваат американските медиуми.

Нападите следат откако полицијата минатиот месец ги избрка бегалците кои еден неискористен црковен објект во Солун го користеа како хостел, а минатиот викенд група анархисти ја прекина литургијата во солунската катедрала, наведуваат американските медиуми.