Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМицкоски: Никој од раководството на СДСМ не положи цвеќе на спомениците на ВМРО

Мицкоски: Никој од раководството на СДСМ не положи цвеќе на спомениците на ВМРО

Од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите македонски граѓани им го честитам денешниот ден, им го честитам празникот кој што ја симболизира Македонската револуционерна борба.

Практично ден со кој што сите македонски граѓани се горди бидејќи на овој ден е создадена организацијата која што понатаму се борела за независна современа македонска држава. А неминовен дел и нераскинлива алка на 23 Октомври е практично Штип и можеби би рекол еден од основните и фундаменталните алки коишто се историски поврзани со Македонската револуционерна организација и денеска сме овде во Штип, ако започнавме со оној собир пред собранието каде што рефлектиравме одредени позиции за актуелни теми на ВМРО-ДПМНЕ, за актуелни теми кои што се реалност за граѓаните.

Денеска овде од Штип сакам да упатам и останати три пораки коишто се може исто така значајни. Патувајќи наваму од соработниците дознав дека ниту еден претставник од владата од високото раководство на СДСМ кој што е платен од парите на граѓаните денеска не одвои неколку минути да положи цвеќе на спомениците коишто ги рефлектираат позициите на јунаците, дејците, на апостолите коишто животот го дадоа за македонскиот народ, за граѓаните на Македонија, за современата македонска држава. И тоа е за секаква осуда и јас навистина жалам што после едни такви наместени талибански украдени избори денеска ова раководство себеси си се нарекува влада во Македонија.

Втората позиција која што сакам да ја кажам е токму овде од Штип и за Штип бидејќи во минатото бевме навикнати на успеси на проекти, нови фабрики, универзитети, луѓе кои што беа среќни и кои што беа задоволни од секојдневието. Но, за жал денеска ние не можеме 4 години веќе да се пофалиме, дури не можеме ни да го одвоиме тоа што на времето беше изградено за Штип, да го зачуваме и тоа да го надградиме, а камо ли да зборуваме за нешто што е ново изградено, некој нов пат некоја нова улица, некоја нова фабрика, посочи Христијан Мицкоски претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по повод одбележувањето на 23 октомври.