Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМицкоски додека е жив, ќе бил лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски додека е жив, ќе бил лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Како против одговор на официјалното формирање на владата на СДСМ, предводена од старо-новиот премиер Зоран Заев, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, денеска на конференција за печат, порача дека нема намера да си поднесе оставка од функцијата претседател на партијата. Мицкоски нагласи дека ќе се борел против оние кои му служеле на Заев, додека е жив.

 

„Следуваат потешки времиња. Владата на СДСМ го изведе најнечовечкиот поткуп на избори. Сиромаштијата ќе се зголемува, квалитетот не се цени и младите си заминуваат од земјава. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане за жестоко да критикува. Ова не е само моја битка, туку битка на народот против неодговорната Влада. Нема да поднесам оставка за да помогнам на СДСМ и Зоран Заев. Додека сум жив ќе се борам против оние кои му служат на Заев. Би било кукавички сега да си заминам“, истакна Мицкоски.

 

Пред  неколку денови , група поранешни пратеници, градоначалници и екс високи партиски функционери, предводени од Весна Дамчевска-Илиевска, членка на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, но и актуелниот градоначалник на Општина Илинден Жика Стојановски, преку прес конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, побараа свикување на вонреден конгрес, на кој ќе се разгледува одговорноста на Мицкоски, од последователните неколкукратни порази во низа, додека тој е прв човек на опозицијата.

 

Мицкоски им порача дека „одработуваат“ директно за Сашо Мијалков, некогашниот најмоќен човек во оваа партија, а со тоа и индиректно за Заев и власта.