Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаМитот на YouTube за рејв химната Sandstorm на Darude од 90-тите

Митот на YouTube за рејв химната Sandstorm на Darude од 90-тите

Повозрасните генерации кои одеа на рејв забави со „нарко“ очила, светкави блузи и фризури со боцки сигурно се сеќаваат на химната на 90-тите Sandstorm од финскиот DJ Darude, но десетина година подоцна истата „трака“ доби култен статус кога беше објавена на YouTube и е неверојатен феномен. Речиси на секое видео кога некој ќе праша која е оваа песна одговорото е неизбежен: SANDSTORM – DARUDE, па дури и YouTube влезе во еуфоријата на фановите со одлична првоаприлска шега кога дозволи музиката да се пушти на било кое видео кое го гледате.

Доколку се уште не се сеќавате на овој хит треба да го видите спотот кој во тоа време беше директна инспирација од милениумската фама за крајот на компјутерите поради багот во календарот кој не е програмиран за датумот 01.01.2001 и дека целата електроника ќе се изгаси. Секако, до тоа не дојде но, затоа тинејџерите во 90-тите одлично се забавуваа на EDM хитот.

Како бонус за вас го издвојуваме и епскиот ремикс од Nigahiga кој по илјадници коментари и барања од фановите конечно се согласи да направи „препев“ на заразниот ритам на Sandstorm од Darude.

Бонус, бонус, се што е погрешно во спотот на Sandstorm од Darude.