Saturday, Apr 27, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноМистеријата на појавата “Дежа Ву“

Мистеријата на појавата “Дежа Ву“

Самиот термин дежаву доаѓа од францускиот јазик (оригинално: „déjà vu“) што во превод значи „веќе видено“. Оваа состојба се опишува како грозоморно чувство на нешто познато, предизвикано од нешто што мислиме дека порано сме го доживеале, иако свесно знаеме дека тоа не е така. Ваквото чувство трае 10-20 секунди и потоа исчезнува ненадејно исто како што се појавило.

1) Епилептичарите често доживуваат интензивно чувство на веќе видени ситуации непосредно пред да добијат напад. Поради ова, научниците шпекулираа дека причината за дежаву е неправилното електрично празнење на мозокот што може да предизвика создавање на погрешна претстава за сеќавањата. Со оглед на тоа дека и луѓе без здравствени проблеми доживуваат дежаву, ова објаснување не ја исцрпува мистеријата во целост.

2) Дежаву најчесто доживуваат луѓето на возраст помеѓу 15 и 25 години, но може да се искуси на секоја возраст, а честотата варира од човек до човек.

3) Чувството на веќе видео е дефинитивно чудно и грозоморно. Не е нешто од типот: „Еј, го имам видено ова порано!“ или „Го имам правено ова!“ Чувството е необично и по малку непријатно бидејќи знаете дека сте ја направиле токму истата работа на истиот начин, но од некои необјасниви причини не можете да се сетите на тоа. Самото чувство не е негативно, но не е ниту баш пријатно.

Друга теорија која го објаснува овој феномен е дека нашите мозоци мешаат ситуации од сегашноста со нешто што сме доживеале во нашите соништа и фантазии. Докажано е дека линијата помеѓу реалноста и она што ни е во мислите е многу тенка. На пример, можете да си замислувате дека изведувате мечкин скок во сала за вежбање и да се почувствувате како навистина да сте го извежбале. Ова е и научно потврдено. Според ова, лесно се изведува заклучокот дека дежаву-то може да биде резултат на нешто слично што сме го доживеале во сништата. Но, ако еднаш сте доживеале дежаву, веројатно нема да ви биде верно ова објаснување.

deja_vu

 

Некои психијатри го припишуваат чувството на неусогласеноста во мозокот што предизвикува грешење на минатото и сегашноста. Многу парапсихолози веруваат дека доживувањето на ваквата состојба е поврзана со искуства од минатите животи.

 

 

Швајцарскиот научник Артур Функхаузер, пак, разликува различни искуства при состојба на дежаву, на пример, веќе видено, веќе доживеано и сл.

Како и да е, чувството кога доживувате дежаву е необично и интересно. Се надеваме дека спаѓате во оние 70% бидејќи дефинитивно, состојбата на дежаву е нешто поразлично од секое друго човечко искуство. Истражувањата на темата продолжуваат.

Жамеву(jamais vu) е состојба која е спротивна од состојбата на дежаву. Таа подразбира непријатно чувство на доживување некоја ситуација за првпат, и покрај рационалното сфаќање дека ситуацијата е порано искусена. Личноста моментално не препознава некој збор, место или нешто друго што таа вообичаено го знае.

Овие две состојби често се ставаат во иста група со уште една, прескву (presque vu) или состојба на скоро видено. Ова претставува феномен на неможност за враќање на некој збор од меморијата во комбинација со парцијално присетување и чувство дека враќањето од меморија неизбежно ќе се случи. Народски при оваа состојба често велиме дека нешто ни е на врв на јазик.