HomeДЕНЕШНАСветОткриен кодот на Ван Гог !?

Откриен кодот на Ван Гог !?

“Ѕвездена ноќ” една од најпознатите слики на Ван Гог крие своја мистерија што е карактеристично за речиси сите славни уметници од периодот на ренесансата на кои се угледувал сликарот. Истражувањето на физичарот Вернер Хајзенберг можеби конечно го дава одговорот за кодот на Ван Гог.

van gogh starry night

„Ѕвездена ноќ“ е насликана за време на престојот на уметникот во душевната болница во Сен Реми во Франција, откако за време на една од своите ментални напади си го пресекол увото. Сликата датира од јуни 1889 година, еден месец откако Ван Гог бил примен во клиниката и 13 месеци пред неговото самоубиство.
Со анализа на телескопските слики на платно, на кои се гледа природно движење на осветленоста во и околу ѕвездите се забележува дека тоа силно потсетува на начинот на кој светлината се врти околу небесните тела на сликата на Ван Гог.

Се тврди дека уметникот со неверојатна точност ги користел чкртаниците на сликата за да ги претстави движењата и турбуленциите на планетите, како едни од нејасните и сложените појави во динамиката на течностите, поради што физичарите и астрономите и денес трагаат одговори.

Овој неверојатен феномен е забележан на уште неколку слики на Ван Гог, а она што е повеќе интересно е фактот дека уметникот успева точно да ги претстави овие феномени само кога минува низ своите ментални напади. Станува збор за можности кои нормалниот човечки мозок едноставно ги нема, на исто ниво како кај Леонардо да Винчи и Рембрант.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com