Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМисијата е остварена: Старнавски со нов рекорд во пештерата Врело

Мисијата е остварена: Старнавски со нов рекорд во пештерата Врело

Спелеолошкиот нуркач Кшиштоф Старнавски од Полска го сруши рекордот на италијанскиот нуркач Луиџи Казати и успеа да се спушти на длабочина од 230 метри во пештерата Врело на Матка.

Старнавски во текот на вчерашниот ден во придружба на својот тим и со логистичка поддршка од страна на нуркачите од клубите „Врело“ и „Акватек“ успеал по повеќе од пет часа да се спушти на оваа длабочина.

– Со 230 метри длабочина го урнавме рекордот. Експедицијата започна со подготовки на теренот,­ проверка на сите перманентни линии во пештерата и координација на тимот. Пештерата понатаму се гледа дека отвора подлабоко, но тоа го оставаме за следната експедиција – рече Старнавски, изразувајќи надеж дека следната година повторно ќе ја посети пештерата Врело.

Експедицијата имаше за цел да прибере информации од неоткриените делови на подводната пештера, дали постојат нови краци кои се двојат од основната патека и да откријат до каде таа се простира. Досегашниот рекорд го држеше италјанскиот нуркач Луиџи Казати, кој во 2010 се спушти до 212 метри.

Полскиот нуркач во 2011 година го собори рекордот на Дејвид Шо во нуркање со ребридер и постигна длабочина од 283 метри Црвеното море, во предел во близина на Дахаб во Египет.