Tuesday, Apr 23, 2024
HomeИздвојувамеПештерата Врело предизвик за нуркачите

Пештерата Врело предизвик за нуркачите

Македонските нуркачи од клубот „Акватек“ и спелео- нуркачкиот клуб „Врело“ ја продолжија својата истражувачка експедиција во пештерата Врело на Матка. Нуркачите од овие клубови истражуваа нови премини и нови делови на подводната пештера во должина до 200 метри, како и кај пределот околу салата наречена Пеони, која се наоѓа на 150 метри под влезот на пештерата. Целта на оваа домашна експедиција е истражување и скицирање на подводно подземните канали на Врело.
vrelo-pestera3
Нуркачите напоредно, покрај истражување на Врело, се подготвуваат и за поголема експедиција која ќе се случи кон крајот на летото во пештерата Ѓоновица, Гостивар. Оваа пештера е помалку позната на јавноста и досега не била истражувана од нуркачи, па затоа клубовите „Акватек“ и „Врело“ ќе пробаат со неколку експедиции да ги откријат нејзините подземни пространства како и можноста за постоење од животински свет.